Проекти
Зачувување на ендемичните растенија во Република Македонија (2019 – 2022)
Овој тригодишен проект кој ПОЛИМАТ 13 го спроведува како локален партнер на Македонското еколошко друштво започна во април 2019 година. Целта на проектот е да се обноват податоците за распространувањето на растенијата, со што ќе се добие увид во нивната популација и ќе се освежат информациите за статусот на значајното растително подрачје „Богданци“ . Во исто време ќе се работи и на популаризација на подрачјето со посебен акцент на реткото растение Меурест козинец (Astragalus physocalyx).
Проектот е финансиски поддржан од Фондот за критични екосистеми CEPF (Critical Ecosystem Partnership Fund).
Подобрување на биодиверитетот на Дојранското Езеро преку соработка со сите општествени чинители и спроведување на екосистемски практики (2020 – 2021)
ПОЛИМАТ 13 заедно со општина Дојран е локален партнер на Милиеуконтакт Македонија, здружението кое го спроведува овој проект и чија цел е да воспостави одржливо управување со Споменикот на природа Дојранско Езеро. Проектот опфаќа директни активности за зачувување и заштита на загрозените видови. Исто така, овој проект ги опфаќа прашањата за квалитетот на езерската вода и нарушувањето на видовите и нивните живеалишта.
Проектот е финансиски поддржан од Фондот за критични екосистеми CEPF (Critical Ecosystem Partnership Fund).
Архус столче (2020)
Проектот „Архус столче“ е регрантиран во рамките на националниот проект „Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“ кој го спроведуваат ЗОР Милиеуконтакт Македонија и ЗИЖС Развојна програма, финансиран од Европската Унија.
Целта на проектот е подобрување на управувањето со животната средина преку зголемени знаења и учество на засегнатите страни во носењето на одлуки во општина Богданци. Преку низа на активности во овој проект ПОЛИМАТ 13 ќе се залага за поголемо вклучување на граѓанскиот сектор во процесите на донесување на одлуки од областа на животната средина. Во рамките на проектот е изработена брошурата „Водич за Архуска Конвенција за локални самоуправи“ кој содржи генерален приказ на Архуската конвенција, со посебен фокус на обврските на локалните самоуправи кои произлегуваат од неа.
Еко разиграна сликовница (2020)
Цел на проектот е едукација на децата и младите од општина Богданци за примена на навики и убаво однесување кон животната средина. Здружението ПОЛИМАТ 13 во рамки на проектот „Еко разиграна сликовница“ изработи сликовница за деца до 8 годишна возраст. Активностите во проектот кои заради ситуацијата со вирусот Ковид-19 беа прилагодени на ситуацијата, се спроведоа на територија на општина Богданци. Секое дете кое посетува градинка или е ученик до трето одделение во некое од основните училишта на територијата на општина Богданци ја доби на подарок сликовницата „Пчеларска тетратка“.
Исто така, здружението изработи и видео запис од сликовницата кој има толкување на знаковен јазик и на тој начин ќе допре и до дечињата со оштетен слух, и на кои здружението преку Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух од Битола им подари сликовници и УСБ мемории со видеото од сликовницата.
Доколку на најмладите од најрана возраст им се вкоренат вредности кои придонесуваат кон развивање на љубов кон природата, животните и растенијата, тие ќе се развијат во личности кои се однесуваат со почит кон природата, ја користат како извор на ресурси за живот, но со иста мерка возвраќаат, ја негуваат и чуваат нашата животна средина.
Проектот е финансиски поддржан од Мрежата за рурален развој на СМ, Шведската агенција за меѓународна соработка за развој (СИДА) и фондацијата We effect.
Руралните општини и жителите взаемно ја градат довербата и животот во локалната заедница (2018 - 2019)
ПОЛИМАТ 13 го спроведе овој проект во партнерство со Рурална коалиција Куманово во текот на 5 месеци во општините Богданци и Кривогаштани со широко вклучување на Единиците на локалната самоуправа, граѓанските организации, месните заедници и заинтересирани граѓани.
Активностите опфаќаа анализа на состојбата, градење на капацитетите и изработка на Стратегии за соработка на општините Богданци и Кривогаштани со граѓанскиот сектор. За потребите за анализирање на состојбата беа изработени прашалници кои беа доставени и одговорени од претставници од општините, граѓанските организации и месните заедници. Беа спроведени три обуки кои анкетираните во прашалниците ги истакнаа како најпотребни за нивно подобро работење: Проектен циклус, Мониторинг и евалуација и Стратешко планирање. Изработката на самите стратешки документи беше спроведена преку партиципативен процес во кој учествуваа претставници од општините, советите, месните заедници и граѓанските организации.
Овој проект беше финансиран од Европската Унија како грант на проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население“ спроведуван од Фондација за поврзување на природни вредности и луѓе, Мрежа за рурален развој на РМ и Акција за рурален развој.
Млади во климатска акција (2018)
Проектот „Млади во климатска акција“ го спроведуваше Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13 е финансиран од МЖСПП. ПОЛИМАТ 13 преку спроведувањето на овој проект придонесе кон подигнување на свеста за климатските промени кај младите луѓе на возраст од 13 до 17 години од општина Богданци. Во рамки на проектот беше изработена брошура „Млади во климатска акција“ наменета за младите луѓе кои сакаат да ги прошират своите знаења за климатските промени, како и да ги мотивира за примена на одредени практики наведени во неа.
Потребата од спроведувањето на овој проект произлезе од согледувањата дека климатските промени се сè поизразени, а младите луѓе се засегнати од растечката закана од климатските промени. Младите луѓе од општина Богданци веќе ги чувствуваат влијанијата од промената на климата. Дел од младите луѓе се многу свесни за предизвиците кои нив и идните генерации ги очекуваат, а климатските промени се проблем кој ќе ги дефинира нивните животи и нивната иднина. Не само што младите луѓе имаат право и потреба да се соочат со климатските промени, туку тие можат многу и да придонесат по ова прашање.
Ефекти и влијанија од рудниците за метали во Република Македонија (2018)
Во рамките на овој проект се креираше база на отворени податоци која што претставува основа за поддршка на активности на граѓанските организации и веродостоен ресурс за истражувачките новинари.
Општа цел на проектот е поттикнување и развој на квалитетно истражување преку зајакнување на соработката помеѓу граѓанските здруженија и новинарите како придонес кон подобро информирана јавност во Република Македонија, а специфична цел е обезбедување на можност за поврзување на граѓанските организации и истражувачките новинари во насока на квалитетно истражување преку пристап до веродостојни извори на информации за креирање на база на отворени податоци за подобрување на истражувачкото новинарско известување и поддршка за активности на граѓанските организации.
Проектот е регрантиран во рамки на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ спроведуван од Центар за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и BIRN Македонија, финансиран од ЕУ.
Примена на ЕУ 2020 пакетот за клима и енергија преку градење партнерства во Југоисточен плански регион (2017)
Целта на проектот е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и одделенијата за животна средина општините од Југоисточен плански регион за транспонирање и спроведување на ЕУ 2020 пакетот за клима и енергија, како и воспоставување на мрежа на граѓански организации за информирање и следење на политиките од аспект на заштита на животната средина. Со проектот се воспоставија механизми за одржливо партнерство меѓу граѓанските организации и локалните власти во поглед на спроведување на ЕУ 2020 пакетот за клима и енергија, учество на јавноста во постапките за заштита на животната средина за постигнување на одржлив развој на Југоисточен плански регион. Во рамките на проектот беше изработена публикација „ОВЖС и СОЖС постапки во Југоисточен плански регион“ со цел да ја претстави состојбата со процедурите на ОВЖС и СОЖС во Југоисточен плански регион од аспект на учество на јавност во процесот на одлучување во врска со животната средина, националните и меѓународните легислативи во однос на клима и енергија, како и да направи осврт на препораки и механизми за планирање и спроведување на истите.
Проектот е поддржан од Милиеконтакт Македонија, Коцка и Фронт 21/42 во рамки на проектот „Зајакнати граѓански организации за партиципативно транспонирање и спроведување на ЕУ 2020 пакетот за клима и енергија“ финансиран од Европската Унија.
Зајакнување на граѓанското движење во општина Богданци (2016)
ПОЛИМАТ 13 успешно го реализираше проектот Зајакнување на граѓанското движење во општина Богданци чија цел е јакнење на капацитетите на граѓанските организации и земјоделските задруги за нивно активно учество во процесите на донесување одлуки и креирање политики, како и промовирање на можностите за соработка на граѓанските организации со локалната самоуправа. Во текот на проектот беа спроведени работилници за изработка на стратешко и годишно планирање и обуки за проектно планирање за три организации: НВО Круг, ФА Мегдан и ЗЗ Агро-Богданци. Со форумот за подобрување на комуникацијата и соработката на организациите со локалната самоуправа на кој беа присутни претставници од организациите и општинската администрација се заокружија активностите кои беа предвидени. Проектот беше реализиран со финансиска поддршка од Општина Богданци.
Биди пчелар! (2016)
Проектна цел е промоција на пчеларството како гранка која дава позитивен придонес кон заштита на животната средина преку проширување на флората и создавање на еколошки баланс во природата.
Проектната иницијатива Биди пчелар! која ја реализираа организациите ПОЛИМАТ 13 од Богданци и АГРО – ВИНКА од Виница има за цел да ги афирмира потенцијалите за развој на пчеларството и соработка на чинителите од различни региони преку охрабрување на иницијативи во општините Виница и Богданци за одржливо искористување на природните ресурси за развој на пчеларството и поттикнување на соработка помеѓу одгледувачите на пчели преку размена на искуства, знаења и вештини.
Проектната иницијатива е поддржана од Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени спроведуван од Мрежата за рурален развој на РМ и ќе придонесе кон подобрување на капацитетите на организациите членки на МРР и создавање партнерства за понатамошна заедничка реализација на активности од областа на руралниот развој.
Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските организации во Македонија (2015 - 2016)
Здружението на граѓани ПОЛИМАТ 13 од Богданци во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД) од Скопје, во текот на 2016 година спроведуваше активности за промовирање на растителниот диверзитет во Значајното растително подрачје „Богданци“ и мониторинг на ендемичното растение Astaragalus physocalyx, неговото живеалиште, бројност на популација и потенцијални закани. Проектот има за цел да го афирмира растителниот диверзитет на одредени подрачја од Македонија преку вклучување на македонските граѓани како волонтери за заштита на природата и преземање акции кои би придонеле кон имплементација на ЕУ регулативите за зачувување на мрежата Натура 2000.
Раководители на проектот на меѓународно ниво се Plantlife, невладина организација од Велика Британија и Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN). Во текот на 2016 година, сите партнери преземаа активности за заштита на растенијата во склоп на 20 значајни растителни подрачја (ЗРП) во шест земји (Мароко, Алжир, Либан, Црна Гора, Турција и Македонија) кои вклучуваат голем број заинтересирани граѓани, здруженија, истражувачки институции и други.
- Мониторинг и мапирање на ендемичното растение Astragalus physocalyx кое е засегнато на глобално ниво;
- Организирање на локални настани за афирмација и промоција на растителниот диверзитет во Богданци со фокус на ендемичното растение Astragalus physocalyx;
- Организирање на презентации и посети во природа на учениците од основните и средните училишта од Богданци.
Општински стратегии за климатски промени (2013-2014)
Проектот на УСАИД Општински стратегии за климатски промени беше спроведуван од Милиеуконтакт Македонија во партнерство со Општина Богданци, Мрежа за рурален развој на РМ и ПОЛИМАТ 13. Во рамките на проектот беше изготвена Стратегија за климатски промени на општина Богданци 2014-2020 чија цел е да допринесе кон поголема отпорност на климатските промени со подобрување на подготвеноста и способноста за реагирање на влијанието на климатските промени на локално ниво. Реализацијата на овој проект се спроведе преку методот на Зелена агенда, кој е партиципативен метод за креирање и имплементирање на локални развојни стратегии и планови.
Со цел градење на капацитети беа одржани тренинзи и предавања за да локалното население активно се вклучи во самиот процес и имплементација на активностите.
Во рамките на Стратегијата за климатски промени на општина Богданци 2014-2020 изготвени се два многу важни документи – Климатски профил на општина Богданци и Инвентар на стакленички гасови, документ со кој се лоцирани изворите на причинителите на стакленички гасови во општина Богданци.
Како важна компонента на процесот на Зелена агенда се имплементација на итна акција и пилот проект, кои претставуваат приоритет за самото население и општо добро за целата заедница. Во општина Богданци беа реализирани итната акција со која се постави изолација на кровниот покривач на детската градинка Коста Поп Ристов Делчев со која се подобрија условите за престој на дечињата од оваа градинка. Со пилот проектот кој беше спроведен во текот на реализацијата на проектот се подобри водоснабдувањето во Богданци со изградба на нов резервоар за питка вода од 500 м3.
Адреса
Ул. Маршал Тито бр.64
1484, Богданци
Телефонски број
+38975216103
+38975393306