Трите столба на Архуската Конвенција
Конвенцијата на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (УНЕЦЕ) за пристап до информации, учество на јавноста во донесувањето одлуки и пристап до правда за еколошки прашања беше донесена на 25 јуни 1998 година во данскиот град Архус на четвртата Министерска конференција „Животна средина за Европа“. Стапи во сила на 30 октомври 2001 година. Архуската Конвенција е транспонирана во Законот за животната средина (Сл. Весник на РМ, бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16).
Архуската Конвенција е создадена за да ја зајакне улогата на граѓаните и граѓанските организации во однос на еколошките прашања и е основана врз принципите на партиципативната демократија.
Архуската Конвенција утврдува голем број права на поединците и граѓанските организации во однос на животната средина. Од потписниците на Конвенцијата се бара да ги направат потребните одредби така што јавните власти, на национално, регионално или локално ниво, ќе придонесат овие права да станат ефективни.
Архуската Конвенција содржи три широки теми или “столбови”
Пристап до информации за животната средина:
Право на граѓаните да добиваат информации за животната средина кои ги имаат јавните органи.
Учество на јавноста во донесувањето одлуки за животната средина:
Право на граѓаните да учествуваат во подготвување планови, програми, политики и законодавство што можат да влијаат на животната средина.
Пристап до правда:
Право на граѓаните да имаат пристап до процедури за преглед кога се повредени нивните права во однос на пристап до информации или учество на јавноста.
Адреса
Ул. Маршал Тито бр.64
1484, Богданци
Телефонски број
+38975216103
+38975393306