Објавуваме КОНКУРС за творби на тема ГО САКАМ БОГДАНЦИ И НЕГОВАТА ПРИРОДА

ПОЛИМАТ 13 во партнерство со Македонското еколошко друштво распишува конкурс за ученици од основните и средните училишта од општина Богданци.

Целта на конкурсот е популаризирање на Значајното растително подрачје „Богданци“ и разновидноста на диви растенија со кои располага ова подрачје. Значајното растително подрачје „Богданци“ е дом на ендемичното растение Меурест козинец, како и на многу други диви растенија.

Ги предизвикуваме учениците да ги изразат своите чувства за природата во нашата околина создавајќи свои дела кои можат да бидат во форма на ликовни творби (цртежи и колажи), и како литературни творби (раскази, есеи, стихови, гатанки итн.).

Значи можете да креирате творби на начин на кој најлесно се изразувате, единствен услов за да учествувате е за инспирација да ги користите дивите растенија кои растат во нашиот крај!

Секоја творба треба да содржи информации за авторот – име, презиме, одделение и училиште.

Еден учесник може да учествува со не повеќе од 3  творби.

Творбите кои ќе пристигнат ќе бидат оценувани од комисија составена од наставници и претставници од ПОЛИМАТ 13 и МЕД при што секоја творба ќе биде означена со шифра за да процесот на оценување биде фер и транспарентен.

Ќе бидат избрани:

Најдобри ликовни творби во три категории – од I до V одделение, од VI до IX одделение и од I до IV година;

Најдобри литературни творби во три категории – од I до V одделение, од VI до IX одделение и од I до IV година.

На најдобрите творби ќе им бидат доделени пригодни награди, а 12 ликовни творби ќе бидат искористени како илустрации за изработка на календар за претстојната 2021 година. Ве молиме творбите испраќајте ги во форма на слика, но чувајте ги оригиналите за да избраните творби се искористат за изработка на календарот. 

Рокот за поднесување на творбите е до 11 декември на Facebook страната на ПОЛИМАТ 13 (Polymath 13-Bogdanci) во порака или на email: info.polymath13@gmail.com.

Конкурсот се реализира во рамки на проектот „Зачувување на ендемичните растенија во Македонија“ финансиски поддржан од Фондот за критични екосистеми (Critical ecosystem partnership fund).

Адреса

Ул. Маршал Тито бр.64

1484, Богданци

Телефонски број

+38975216103

+38975393306

За повеќе информации контактирајте не: