Видео запис за сликовницата „Пчеларска тетратка“

Денес на YouTube каналот на ПОЛИМАТ 13 беше објавен видео записот за сликовницата „Пчеларска тетратка“ (https://www.youtube.com/watch?v=jAzOqTtmuog). Видео записот претставува аудио-визуелно претставување на оваа сликовница со цел дечињата кои не знаат да читаат да може да уживаат во оваа преубава приказна во која се претставени случувањата во едно мало гратче, што ќе рече авторот едно од најубавите гратчиња во земјата, преку главниот јунак првачето Јован.

Видео записот содржи и толкување на знаковен јазик со што се надеваме дека сликовницата ќе допре до децата со оштетен слух. Исто така, ПОЛИМАТ 13 на децата со оштетен слух преку Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ од Битола им подари сликовници и УСБ мемории со видео записот. 

Видео записот е изработен со финансиска поддршка на Мрежата за рурален развој на СМ, Шведската агенција за меѓународна соработка за развој (СИДА) и фондацијата We effect.

Адреса

Ул. Маршал Тито бр.64

1484, Богданци

Телефонски број

+38975216103

+38975393306

За повеќе информации контактирајте не: