СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

Наслов на проектот: Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во општините Богданци и Дојран

Контакт: Надица Маџирова, Проектен координатор,

Е-пошта: nadicamadzirova@gmail.com, info.polymath13@gmail.com

Моб: 075/393 306

Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13 ќе го спроведува проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во општините Богданци и Дојран“ во времетраење од 15 месеци во периодот од јануари 2023 година до март 2024 година.

Проектот има за цел да промовира одржливо и совесно управување со електричен и електронски отпад и минимизирање на негативните влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето предизвикани од создавањето и управувањето со отпад.

Проектните активности кои ќе се спроведуваат на територијата на општините Богданци и Дојран опфаќаат:

  1. Кампања за поправка на материјали од електричен и електронски отпад и промоција на проектните активности;
  2. Организирање и опремување на простор со опрема за поправка на стара ИТ опрема, бела техника и мобилни телефони;
  3. Јакнење на капацитетите на претставници на граѓанскиот сектор и менторство и обука на четворица млади заинтересирани за справување со електричен и електронски отпад.

Вкупниот буџет на проектот е 35 953 САД$, од кои 19 593 САД$ се обезбедени од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ ПМГ), а преостанатите средства се учество на Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13, Општина Богданци и Општина Дојран.

 

Дополнителни информации за уредниците

 

ГЕФ ПМГ Северна Македонија

Во Северна Македонија ГЕФ ПМГ официјално започна со работа во мај 2005. Во периодот 2005- 2022 финансирани се 158 проекти со вкупно доделена сума 2,980,534 САД$ и генерирајќи кофинансирање во износ од 3,259,808 САД$. При тоа се остварени следните резултати во централните области: Биодиверзитет: In-situ заштитени 15 автохтони и глобално значајни видови: 1. Лилјаци 2. папрат Osmunda Regalis 3. Овца Праменка, 4. Крава Буша, 5/6. Локален вид на јаболка (циганка) и круша (сулија), 7/8. македонска речна пастрмка и речен Вретенар (Zingel Balcanicus), 9. Македонска пчела (Apis mellifera macedonica), 10. Жолт локвањ (Nuphar luteum), 11. Воден Бивол 12. Шарпланинец, 13. Домашна кокошка сребра, 14. Домашното магаре и 15. Домашната балканска коза; Климатски Промени: прв систем за изнајмување на велосипеди (Скопје), прво производство на биодизел, 12 Енергетски ефикасни училишта, енергетски ефикасно осветлување во 8 градови, намалување на 1200 Тони CO2/год и Неразградливи органски загадувачи НОЗ/хемикалии: околу 30% од пластичен отпад е попречено од горење и на тој начин е спречено испуштање на емисиите на диоксини/фурани во воздухот, селектирани и рециклирани 50.000 кг пластичен отпад, од 2020 финансиски помага за прв пат собирање и правилно расклопување на користени неонски сијалици, е-отпад; од 2021 користење на текстилниот отпад и користена облека во нови производи, дијагностика и поправка на електронскиот отпад – расипани мали домашни апарати,  компјутери и мобилни телефони и нивно повторно користење

Глобален еколошки фонд ГЕФ (www.TheGEF.org)

ГЕФ обединува 183 земји во партнерство со меѓународни институции, невладини организации и приватен сектор со цел да се адресираат глобалните еколошки проблеми истовремено поддржувајќи национални одржливи развојни иницијативи. Денеска ГЕФ е најголем финансиер на проекти кои ја подобруваат животната средина. Како независна финансиска организација, ГЕФ обезбедува грантови за проекти од областите на биолошка разновидност, климатските промени, меѓународни води, деградација на земјиштето, озонската обвивка и хемикалии/неразградливите органски загадувачи.

Од 1991, ГЕФ остварува докажани резултати со земјите во развој и земјите со економии во транзиција, доделувајќи 119 САД$ милијарди во кофинансирање преку 5,186 проекти во над 164 земји. Преку Програмата за мали грантови, ГЕФ обезбеди поддршка на преку 25000 проекти на здруженија во 133 земји

 

Програма на Обединетите Нации за развој (www.undp.org)

Програмата на Обединетите Нации за развој е присутенa во 170 земји и територии со цел да се искорени сиромаштијата истовремено заштитувајќи ја планетата. Им помага на земјите да развијат силни политики, вештини, партнерства и институции за да можат да го одржат својот напредок. Исто така соработува со сите нивоа на општеството за да помогне во изградбата на нации кои можат да издржат кризи и да поттике подобрување на квалитетот на животот за секого. Како развојна агенција na Обединетите Нации игра значајна улога со помош на земјите да ги достигнат Одржливите развојни цели.

 

ГЕФ Програма за мали грантови ПМГ (www.sgp.undp.org)

Основана на Самитот за планетата Земја во Рио во 1992, ГЕФ ПМГ поддржува здруженија на граѓани – ЗГ во нивните активности кон намалување на климатските промени, конзервација на биолошката разновидност, заштитата на меѓународните води, намалување на влијанието на хемикалиите/ неразградливите органски загадувачи, спречување на деградацијата на земјиштето и истовремено генерирајќи одржлива егзистенција. Ги втемелува основите на одржливиот развој преку „мисли глобално делувај локално“. Овозможува финансиска и техничка поддршка за зачувување и заштитување на животната средина зајакнувајќи ја благосостојбата на заедниците. ПМГ покажува дека локаната акција може да ја одржи рамнотежата помеѓу човечките потреби и еколошките цели.Од своето постоење ПМГ има доделено над 25.000 грантови во 133 земји. Финансирана од ГЕФ како корпоративна програма, Програмата за мали грантови – ПМГ е спроведувана од УНДП.

Адреса

Ул. Маршал Тито бр.64

1484, Богданци

Телефонски број

+38975216103

+38975393306

За повеќе информации контактирајте не: