Архус столче

На седница на совет на општина Богданци на 16.12.2020 година беше донесена одлука за вклучување и учество на граѓанскиот сектор при донесување на одлуки од областа на заштита на животната средина.

Архус столче симболично претставува столче резервирано за претставник на здружението ПОЛИМАТ 13 на седниците на Совет на општина Богданци кога точките на дневен ред ја засегаат животната средина. Ова претставува една од алатките за примена на Архуската Конвенција на дело, преку која претставникот на ПОЛИМАТ 13 учествува во консултациите и дискусиите на седниците на Совет, дава предлози и сугестии на членовите на Советот.

Оваа одлука доаѓа после низа на активности кои се спроведоа во Богданци во изминатите 6 месеци, време во кое се спроведуваше проектот „Архус столче“ чија цел е подобрено управување со животната средина преку зајакнување на капацитетите на засегнатите страни за имплементација на Архуската Конвенција.

Во рамки на проектот здружението ПОЛИМАТ 13 изработи „Водич за примена на Архуската Конвенција за локални самоуправи“ кој е наменет за претставници на локалните самоуправи, но е еднакво корисен и за претставници на граѓанскиот сектор и за пошироката јавност. Водичот содржи практики кои локалните самоуправи можат да ги применуваат во насока на овозможување на пристап до информации, учество на јавност и пристап до правда за да можат да бидат во служба на граѓаните, нивните потреби и одговорности за обезбедување на чиста и здрава животна средина.

Покрај оваа публикација ПОЛИМАТ 13 организираше и обуки за претставници на локалната самоуправа, како и за претставници на граѓанските организации и студенти на прв и втор циклус на правен факултет.

Проектот „Архус столче“ е регрантиран во рамки на проектот „Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“ спроведуван од ЗОР Милиеуконтакт Македонија и ЗИЖС Развојна програма со финансиска поддршка од Европската Унија.

Адреса

Ул. Маршал Тито бр.64

1484, Богданци

Телефонски број

+38975216103

+38975393306

За повеќе информации контактирајте не: