ПОЛИМАТ 13 во рамки на проектот „Еко разиграна сликовница“, на сите училишта и градинки на територијата на општина Богданци им подари сликовници „Пчеларска тетратка“
Спроведувањето на овој проект чија целна група се најмалите деца и ученици, на возраст до трето одделение, вклучително и нивните наставници и родители претставува вложување во иднината.
Доколку на најмладите од најрана возраст им се вкоренат вредности кои придонесуваат кон развивање на љубов кон природата, животните и растенијата, тие ќе се развијат во личности кои се однесуваат со почит кон природата, ја користат како извор на ресурси за живот, но со иста мерка возвраќаат, ја негуваат и чуваат нашата животна средина.
Проектот е финансиски поддржан од Мрежата за рурален развој на СМ, Шведската агенција за меѓународна соработка за развој (СИДА) и фондацијата We effect.