Започнавме со обуките за волонтерите

Под менторство на искусен мајстор нашите млади волонтери во текот на месец јуни започнаа да ги следат обуките за дијагностика и поправка на електронски и електрични апарати. Во просториите кои се опремени со инструменти и алат волонтерите ќе имаат можност во наредниот период да се стекнат со практично знаење и вештини.

Овие 4 млади луѓе ќе се стекнат со стручни знаења и познавања за дијагностика и поправка на електронски уреди, но и за управување со електронски и електричен отпад.

Преку секојдневните активности во проектот – собирање на електронски и електричен отпад, поправка и складирање на истиот ќе се подигнува свеста на жителите од општините Богданци и Дојран со важноста на третирање на овој отпад и неговите штетни влијанија по животната средина.
Проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во општините Богданци и Дојран“ се спроведува со финансиска поддршка на Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ ПМГ).

Address

Marshal Tito 64

1484, Bogdanci

Phone number

+38975216103

+38975393306

Contact Us: