Реализирано е студиско патување во Хрватска

Можност да видат како се управува со Натура 2000 подрачја во Хрватска имаа претставници на институции и здруженија од општина Богданци. Студиското патување се одржа кон крајот на месец јуни во организација на ПОЛИМАТ 13.

Беа посетени два Центри за природа кои управуваат со сите заштитени подрачја во Крапинско – Загорската жупанија и Меѓимурската жупанија. Домаќините беа многу гостопримливи и местата кои ги посетивме за краткото време кое го поминавме таму оставија силен впечаток на сите нас. Целта на ова патување беше да се увидат придобивките во рамките на Натура 2000 подрачје и можностите кои постојат за искористување на различни ресурси за зачувување, заштита и поголема свесност за природата и околината кои нè опкружуваат.

Оваа активност се реализираше со поддршка на Critical Ecosystem Partnership Fund во рамки на проектот „Градење на локалните капацитети за управување со Значајното растително подрачје Богданци“ кое претставува идно Натура 2000 подрачје.

Во фотогалеријата имате можност да погледнете каде бевме, што посетивме и доживеавме.

Address

Marshal Tito 64

1484, Bogdanci

Phone number

+38975216103

+38975393306

Contact Us: