Одржана обука на тема „Одржливо управување со ОЕЕО отпад“

ПОЛИМАТ 13 во периодот од 25-27 мај во Струмица во рамките на проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во општините Богданци и Дојран“ организираше обука за можностите и начините за справување со електронски и електричен отпад и неговото влијание врз животната средина. Учесници на обуката беа ученици од СОУ „Богданци“ од општините Богданци и Дојран кои преку оваа обука на интерактивен начин имаа можност да се едуцираат и да дискутираат за влијанието на електронскиот и електричниот отпад врз животната средина и човековото здравје, кои се начините на управување со ваков вид на отпад, како и за можностите кои ние индивидуално или како заедница можеме да ги преземеме за да го намалиме таквиот отпад.

Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на учесниците за заштита на животната средина. Преку овие обучени млади луѓе и преку мисијата на организацијата ќе може да се прошири оваа активност за справување со овој вид на отпад на територијата на целиот микро регион со цел што поголем број на семејства да се запознаат со важноста за правилно третирање на овој отпад и неговите штетни влијанија по целокупната животна средина и човекот.

Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ ПМГ).

 

Address

Marshal Tito 64

1484, Bogdanci

Phone number

+38975216103

+38975393306

Contact Us: