Одбележан Денот на Астрагалусот

Драги наши!

Пресреќни сме за убавиот ден кој го имавме во саботата! Ден на Астрагалусот 2023!

Многу насмевки, забава и знаење за славење на дивите растенија и нашиот преубав Астрагалус.

Имаме прекрасни деца – гордост и богатство ни се.

Имаме преубава природа и растение кое е природна реткост и треба да сме горди на убавината со која сме опкружени!

Изразуваме огромна благодарност за Critical Ecosystem Partnership Fund без чија поддршка овој настан ќе беше само идеја и желба.

Најголемо благодарам за сите учесници – нашите најмали со чија помош ја имавме најубавата изложба на светот и учениците кои ја покажаа својата брзина во решавање на сложувалки и знаење во квизови за диви растенија.

Благодариме за поддршката која ја добивме од одделенските и наставниците по биологија и раководниот кадар на ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“, ООУ „Петар Мусев“ Богданци, ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково, СОУ „Богданци“, ЈОУДК „Бранд Петрушев“ и Општина Богданци.

Посебна благодарност за нашето жири кое се погрижи се да биде регуларно, нашите вредни волонтери за нивната посветеност во логистичка поддршка на настанот и секако нашата водителка која се погрижи учесниците да бидат опуштени, а публиката ведра.

Денот започна со искачување по Патеката на Астрагалусот, а заврши со концерт на Дани Димитровска – ако преку денот децата учеа за диви растенија, вечерта учеа што е добра музика!

До следната година со уште поинтересни активности!

Се гледаме на Денот на Астрагалусот 2024!

 

 

Address

Marshal Tito 64

1484, Bogdanci

Phone number

+38975216103

+38975393306

Contact Us: