ЈАВЕН ПОВИК

Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13 во рамки на проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во општините Богданци и Дојран“ објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

За ангажирање на 4 млади лица – 2 од општина Богданци и 2 од општина Дојран за следење на менторски обуки за професионално обучување за дијагностика и сервис на електронски уреди (телефони, таблети, компјутери и бела техника – мали апарати). Обуките ќе се одржат во периодот од мај 2023 до февруари 2024 година.

На лицата кои ќе бидат ангажирани ќе им биде ставена на располагање соодветна опрема за дијагностика и сервис на електронски уреди, во простории опремени за таа намена во соодветните општини.

Обуките ќе ги одржува искусно и професионално лице од областа на поправка на електронски уреди.

На волонтерите кои ќе бидат селектирани ќе им биде исплатен надоместок за основни трошоци за времетраење на обуката.

По завршување на обуката ПОЛИМАТ 13 не презема одговорност за вработување на обучените кандидати.

Пријавувањето се врши на електронската адреса info.polymath13@gmail.com со назнака „Пријава за јавен повик“. Заинтересираните кандидати треба да достават мотивациско писмо и кратка биографија најдоцна до 23 април 2023 година. Продолжен до 2 мај 2023!

ПОЛИМАТ 13 ќе направи селекција на пријавените кандидати, водејќи грижа за еднаква родова, етничка и социјална застапеност. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Завршено средно образование;
  • Возраст од 18 – 30 години;
  • Основни познавања на различни електронски уреди;
  • Одговорно и посветено присуство на сите менторски сесии;
  • Активно искористување на стекнатото знаење во локалната заедница.

Контакт лице за сите прашања кои ги имате во врска со повикот е Надица Маџирова, Проектен координатор, моб. 075/393-306.

Проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во општините Богданци и Дојран“ е финансиран од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ ПМГ), а го спроведува Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13, во партнерство со Општина Богданци и Општина Дојран.

Address

Marshal Tito 64

1484, Bogdanci

Phone number

+38975216103

+38975393306

Contact Us: