Водич за примена на Архуската Конвенција

ПОЛИМАТ 13 се збогати со уште една издадена публикација – „Водич за примена на Архуската Конвенција за локални самоуправи“. Водичот содржи генерален приказ на Архуската Конвенција, со посебен фокус на обврските на локалните самоуправи кои произлегуваат од неа, проследени со националните легислативи. Публикацијата содржи практики кои локалните самоуправи можат да ги применуваат во насока на овозможување на пристап до информации, учество на јавност и пристап до правда за да можат да бидат во служба на граѓаните, нивните потреби и одговорности за обезбедување на чиста животна средина. Водичот е наменет за претставници на локалните самоуправи, но во исто време е многу корисен и за пошироката јавност, за претставници на граѓанските организации и државни и јавни институции.  „Водичот за примена на Архуската Конвенција за локални самоуправи“ е изработен во рамки на проектот „Архус столче“, кој е регрантиран во рамки на „Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“ кој го спроведуваат ЗОР Милиеуконтакт Македонија и ЗИЖС Развојна програма, финансиран од Европската Унија.

 

Address

Marshal Tito 64

1484, Bogdanci

Phone number

+38975216103

+38975393306

Contact Us: