Обука за студенти, запознавање со Архуската Конвенција

Во периодот од 02 – 04 декември ПОЛИМАТ 13 организираше обука за студенти на прв и втор циклус на студии на правен факултет и за претставници на здруженија на граѓани од општина Богданци. Целта на обуката која се одржа на платформата Zoom е запознавање на учесниците со Архуската Конвенција, обврските на носителите на одлуки и правата и одговорностите на граѓанскиот сектор кои произлегуваат од оваа конвенција.

Обуката се одржа во рамки на проектот „Архус столче“ кој го спроведува ПОЛИМАТ 13, и е регрантиран во рамки на националниот проект „Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“ кој го спроведуваат ЗОР Милиеуконтакт Македонија и ЗИЖС Развојна програма, финансиран од Европската Унија.

Address

Marshal Tito 64

1484, Bogdanci

Phone number

+38975216103

+38975393306

Contact Us: