ПОЛИМАТ 13

 

Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13 работи на полето на заштита на животната средина преку подигнување на јавната свест и преземање на конкретни активности за унапредување на зачувување на животната средина со широко вклучување на заедницата во развојните процеси.

ПОЛИМАТ 13 е организација посветена на унапредување на животниот стандард преку едукација, информирање и истражување, како и поттикнување на населението на соработка со локалната самоуправа заради заштита и унапредување на состојбите за поквалитетен живот.

Визија

ПОЛИМАТ 13 е организациски силна и препознатлива како значаен фактор во планирање и спроведување на општествени акции на локално, регионално и национално ниво.

Мисија

ПОЛИМАТ 13 работи на создавање на еколошка одржливост со обновливи технологии со ангажирање на вода – клима – енергија – биодиверзитет –– почва – соработка – култура.